Насловна / Вести / Денеска се одбележува Денот на планетата Земја

Денеска се одбележува Денот на планетата Земја

den na zemlja 22 april

Во светот денеска со низа манифестации се одбележува Денот на планетата Земја – 22 Април. Секоја година на овој датум, преку една милијарда луѓе во 190 земји преземаат акција за Денот на планетата Земја. Од Сан Франциско до Сан Хуан, од Пекинг до Брисел, од Москва до Макареш, луѓето садат дрвја, ги чистат нивните заедници, ги контактираат нивните избрани политичари и многу повеќе – за доброто на животната средина.

По тој повод ОН ќе се обидат да мобилизираат милиони луѓе да создадат одржлива, здрава природна средина со озеленување на градовите ширум светот.

„Повеќе од половина од светското население живее во градовите, бидејќи бројот на жителите во урбаните средини се зголемува, а последиците од климатските промени се влошуваат, нашите градови мора да еволуираат“, се вели во пораката од светската организација.

Препораката е да се инвестира во ефикасни и обновливи извори на енергија, да се намали загадувањето и да се забават климатските промени предизвикани од човекот.

ОН во наредните две години организираат кампања „Зелени градови“, што треба да прерасне во глобално движење.

 

Испрати коментар

Scroll To Top