Насловна / Вести / Денес во Лондон се отвара прва продавница на Rolling Stones во светот

Денес во Лондон се отвара прва продавница на Rolling Stones во светот

Обоена целосно во црно и црвено и исполнета со предмети што го содржат познатото лого на групата, првата продавница на Rolling Stones во светот е подготвена за рокенрол.

1_resize

Продавницата „RS No.9 Carnaby“ се отвара денес и како што говори самото име се наоѓа на култната лондонска улица Carnaby, која е симбол на лудата култура во 60-ти години во Лондон во која групата во состав Mick Jagger, Keith Richards, Ronnie Wood и Charlie Watts предњачела. Mick Jagger изјавил дека се наоѓа во близина на местото каде во тој период групата одржувала проби.

10_resize

Во продавницата „RS No.9 Carnaby“ ќе се продаваат облека, обувки, музика и сувенири.

3_resize 2_resize 4_resize

Во неа е поставен видео ѕид на кој се прикажува филм за групата, звучна инсталација направена врз основа на песната „Paint it Black“ од 60-тите години и големо лого на Rolling Stones.

„Зошто би отвориле продавница во ек на пандемија? Па знаете тоа е вечен оптимизам“, изјави фронтменот на групата Mick Jagger.

„Можевме да одложиме, претпоставувам, до идната година, но мислам дека ќе се купува. Луѓето ќе бидат љубопитни, а сега се надвор повеќе од порано“, додава Jagger, кој на 26. јули наполни 77 години.

8_resize

„Soho отсекогаш бил рокенрол, така што улицата Carnaby беше совршено место за нашата прва продавница“, се вели во соопштението на Rolling Stones.

„Ние сме сигурни дека овој интересен проект што го создадовме со нашите пријатели од  Bravado ќе биде возбудливо искуство за сите кои ќе дојдат во Лондон и ќе уживаат“.

5_resize

Продавницата е заеднички проект на  The Rolling Stones и Bravado, компанија за управување со стоки и брендови на Universal Music Group.

7_resize

„RS No.9“ содржи „ексклузивна соработка, нова мода и стока“, како и залихи на опсежен музички каталог и најновите изданија на групата. Купувањето исто така е достапно и преку Интернет.

6_resize

Оваа недела Rolling Stones објавија ремастеризирана верзија на албумот „Goats Head Soup“ од 1973., која содржи досега непознати песни како „All The Rage“.

11_resize

Испрати коментар

Scroll To Top