Насловна / Вести / Денес пред ГТЦ за секого по нешто!

Денес пред ГТЦ за секого по нешто!

gtc (2)

Денес попладне, граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“ на скопјани ќе им понуди богата програма исполнета со забава, дружење, но и со содржини од информативен и едукативен карактер.
Имено, в сабота, под мотото „Милениците го сакаат ГТЦ“, сите сопственици на домашни миленичиња ќе имаат можност да добијат бесплатни прегледи и консултации со професионални ветеринари и кинолози. Сè што треба да направат е да дојдат заедно со своите миленици во паркот Жена – Борец во 13.00 часот кога започнуваат бесплатните прегледи и консултации.
Истовремено, во паркот ќе се одржи и настанот „Најмладите творат за ГТЦ“ каде под менторство на ликовните уметници Ѓорѓе Јовановиќ, Инес Ефремова и Дороти Поцкова, најмладите ќе имаат можност да цртаат и да ја покажат својата креативност. За нив ќе бидат обезбедени хамери и боички, и тие ќе можат да се дружат и забавуваат запознавајќи се со тајните на ликовната уметност.

gtc
Со почеток во 14.00 часот, кружните скали кај ГТЦ ќе бидат збирно место за сите „инстаграмџии“, кои низ заедничко дружење ќе ја истакнат својата креативност изразена преку фотографии и видеа посветени на Градскиот трговски центар.
Сите овие настани се од отворен карактер, па затоа иницијативата „Го сакам ГТЦ“ ги повикува сите граѓани да дојдат во паркот Жена – Борец и да уживаат во богатата програма.
Овие настани се дел од кампањата „Излези за ГТЦ“, која има цел да ги мотивира граѓаните во општина Центар да излезат на претстојниот референдум и да одлучат за изгледот на ГТЦ.

Испрати коментар

Scroll To Top