На 8, 9 и 10 мај, по шести пат ќе се одржи годишната и најмасовната еко-акција во земјава и целиот Балкан – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД. Рекордниот еко настан мобилизира десетици илјади волонтери од 80 општини, 600 организации, јавни институции и приватни компании.

Официјалното отворање ќе се одржи денес, 8 мај. На средба со медиумите ќе присуствуваат: претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, градоначалникот на Град Скопјe и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, амбасадорот на Австрија, Мартин Памер и министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа.
Локација: зад Владата на Македонија, покрај кејот на реката Вардар, во 8:45 часот
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија