Вчера во 20 часот во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје (МКЦ), се отвори изложбата „Старите мајстори и македонската модерна“, чиј автор е Проф. Кирил Пенушлиски. Изложбата е истражувачка проект чија централна тема е сложениот однос меѓу европското уметничко наследство и развојот на модерната уметност во Македонија.

Во делата на Личеноски, Лазески, Корубин, Коџоман, Манев, Чемерски, Пенушлиски, Аврамовски, Аризанов и други македонски сликарски великани, се препознава инспирацијата од големите европски сликарски имиња. Но преку изучување, копирање на класични дела, интерпретација и трансформација, тие развиваат сопствени визуелни јазици и придонесуваат кон обликувањето на македонската модерна уметност.

Поставката отвора и пошироки прашања за улогата на културното наследство како жив, активен и релевантен фактор во современото уметничко творештво, позиционирајќи ја македонската модерна уметност во поширок европски контекст.
Изложбата ќе биде отворена до 20 мај.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија