Насловна / Вести / Демир Капија ќе добие нов хотел

Демир Капија ќе добие нов хотел

Демир Капија ќе добие нов хотел со 24 соби и вработување до 30 лица, а предвидено е да има летна тераса, конференциска сала, спа центар, надворешен базен, детско катче и сопствен паркинг.

Инвеститорот од Скопје Гоце Ѓорѓиевски информира дека во зависност од обемот на работните активности, хотелскиот комплекс ќе вработува 20 до 30 лица, а по потреба овој број ќе се зголемува.Demir_Kapija

Неговата ќерка Катерина Митревска соопштува дека врз основа на спроведена анализа за избор на соодветна местоположба на хотелски објект, изборот падна на локација во општина Демир Капија.

– Одлуката нашата инвестиција да биде во оваа општина се темели на следните показатели. Локалната самоуправа посветено работи на развојот на туризмот. Добрата локација на понудената местоположба за изградба и немањето на ваков обејкт во пошироката околина, се исто така многу важни, нагласува Митревска.

Со цел да ги задоволат потребите на домашните, а и странските туристи кои транзитираат низ државата, проектирано е хотелот да има 24 соби и ресторан со капацитет од 170 гости.

– Овие содржини ќе бидат распоредени на површина од десет илјади метри квадратни, а самиот хотелски објект е две илјади метри квадратни. Хотелот е во модерен стил и во согласност со најновите стандарди за хотелиерство. Согласно планот на активности наредната година целиот комплекс треба да биде ставен во функција, додава Митревска.

Испрати коментар

Scroll To Top