Насловна / Арт и дизајн / Демијан Хирст ја слави љубовта на лондонска изложба

Демијан Хирст ја слави љубовта на лондонска изложба

demijan hrst vo london (5)

Дали Демијан Хирст е непоправлив романтичар или уметник кој никогаш не пропушта шанса да заработи пари? Во лондонската галерија Paul Stolper до 21 февруари се изложени две колекции на графики и скулптури инспирирани од љубовта и од Денот на заљубените.demijan hrst vo london (3)

На изложбата насловена едноставно „Љубов“, претставена е колекција на отпечатоци со мотивот на пеперутки, од кои шест се посипани со златни листови, а осум се направени со техника ситопечат, и авторот ги нарекол Love Gold.

demijan hrst vo london (4)demijan hrst vo london (2)

Меѓу изложените предмети, има и серија на скулптури направени од мешавина од смола која Хирст ја нарекол ♡ YU4EVA, а е составена од љубовни таблети во облик на срце. Сепак, контроверзниот Хирст не можел да ја претстави изложбата, а не да влезе во светот на „субверзивното“, а овој пат таквата улога ја добил експонатот наречен Love Struck, зад кој се крие свинско срце прободено со стрела и сместено во тегла за слатки.demijan hrst vo london (6)

Циниците ќе речат дека ова е уште еден пример за тотална комерцијализација на уметноста од страна на Хирст, на што тој веднаш одговорил: „Љубовта е убава и за мене таа претставува противотров за сите ужаси на светот“. Кој аргумент, според вас, е поубедлив?demijan hrst vo london

Испрати коментар

Scroll To Top