Насловна / Арт и дизајн / Демијан Хирст изложува во Босна и Херцеговина

Демијан Хирст изложува во Босна и Херцеговина

Патувачката изложба „Нова религија” на познатиот британски уметник Демијан Хирст отворена е во Музејот на современата уметност на Република Српска во Бања Лука, а ќе биде отворена за сите до 27 мај 2016 година.демијан хирст босна

Британскиот уметник Демијан Хирст, добитник на престижната Тарнерова наградата и најзначаен претставник на Young British Artist’s (YBA) во Велика Британија, со својот голем уметнички проект се претставува за прв пат во наша близина, односно во Босна и Херцеговина. Изложбата „Нова религија“, по нејзиното првично претставување во Лондон во 2005 година, како и по презентациите во престижните музеи и галерии во Велика Британија, Италија, Грција, Русија, Норвешка и Полска, овој пат фокусот е на Југоисточна Европа.хирст бања лука

Четириесет и четири графики изработени во техниката ситопечат и четири скулптури коишто ја сочинуваат изложбата „Нова религија“ функционира како циклус на фрески – почнувајќи од Создавањето на светот, преку Патот на крстот, до Страшниот суд.

хирст

Со изложбата „Нова религија” Хирст сака да ги охрабри луѓето на размислување за четирите важни нешта во животот: религија, љубов, уметност и наука, кои, според него, се инструменти кои помагаат човекот да го најде сопствениот начин на живот.

По поставката во Музејот на современа уметност на Република Српска во Бања Лука, изложбата „Демијан Хирст: Нова религија“ во текот на 2016 година ќе биде претставена во Македонија, Србија и Казахстан.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top