Насловна / Вести / Делчево се откажа од градење пешачки мост преку реката Брегалница

Делчево се откажа од градење пешачки мост преку реката Брегалница

delcevo most

Делчево нема да гради пешачки мост преку реката Брегалница, пренесе порталот „ТВ СТАР“. Општината се откажа од овој приоритет на граѓаните одбран на Форумите на заедницата во 2012, бидејќи Општината нема пари, а тендерските понуди за изградба на челичен мост биле двојно повисоки од предвидениот буџет за проектот.

Со овој потег, Делчево е единствената општина во регионот која нема да го реализира приоритетниот проект одбран на Форумите на заедницата, туку ќе бара проект од останатите 4 проекти рангирани на форумите.

Ова беше беше потврдено на дополнителната форумска сесија на која граѓаните избраа дополнителен проект за реализација, па сега Делчево ќе ја уредува јавната површина од новата црква до спортското игралиште.

Буџетот на овој проект е околу 6, 2 милиони денари од кои 2, 4 милиони се од Швајцарската агенција за развој. Проектот, според најавите, треба да се реализира до почетокот на октомври.

Испрати коментар

Scroll To Top