Насловна / Архитектура / Пејзажи на урбана (не)безбедност

Пејзажи на урбана (не)безбедност

Градот е непријателска територија за жените. Перцепцијата на несигурност има различно потекло, од самата физичка состојба на местото до посубјективни прашања како што е стигматизацијата на одредени урбани подрачја или чувството на припадност.

Потребно е итно е да се преиспита генерирањето на градските ткива. Тие треба да се олицетворение на безбедност, да поттикнуваат физичка активност, да гарантираат континуирана и еднаква пристапност за сите корисници. Град кој дава приоритет на јавната и граѓанската димензија при негово менаџирање и кани слободно да шетате по негoвите улици.

2

Дали квартот во кој живееме е безбеден? Зошто на некои места се чувствуваме непријатно? Кои се факторите кои влијаат врз нас да избегнеме одредена јавна површина или да се движиме низ тесни улици и темни премини? Кои различни видови на родово насилство се присутни на јавниот простор? На кои места не одиме?

Архитектката Кристина Мартинез Арансај, координаторка за истражувања на урбаните територии, ги покренува овие дилеми, појаснувајќи за дневниот печат Публико некои клучни аспекти за тоа до кој степен градовите, се и поттикнувачи на насилство, преку креирањето на неместа.

1

„Оваа перцепција на несигурност е под влијание на чисто физичките аспекти на просторот кои имаат врска со осветлувањето или пристапноста, но и други прашања поврзани со функцијата што му се дава на тој простор или дали околината ја фаворизира или не густината на населување на тој простор. “, вели Кристина.

Во оваа смисла, интерактивната инсталација Пејсажи на урбана (не)безбедност (Landscapes of (in)security), која може да се види во Medialab Prado (во Мадрид), предизвикува лавина размислувања за анализа на потеклото на сите оние урбани несигурности кои во поголема или помала мера ја одредуваат перцепцијата што многу жени ја имаат за градот.

Но, несигурноста на едно место често ја надминува сопствената материјалност, затоа зборуваме за субјективни причини кои можеби го промовираат тоа чувство на нелагодност. „Оваа перцепција може да се генерира од информациите што стигнуваат до нас преку луѓето кои не опкружуваат или вестите што ги читаме. Постојат населби кои се стигматизирани и тој сегмент влијае на нашата потсвест кога станува збор за живеење или чисто посетување.

4

„Не можеме да ја игнорираме ниту важноста на сопственото искуство во местото каде живееме или чувството на припадност што сме можеле да го развиеме“, објаснува архитектката. Сето ова е присутно и го условува, на повеќе или помалку свесен начин, начинот на кој многу жени се поврзуваат со својата околина.

На крајот на краиштата, градовите, како и нивните домови, се простори управувани од патријархалниот систем, нешто што ја одредува, на некој начин, благосостојбата на жените. „Историски ни беше кажано дека јавниот простор не е простор на жените, денес има многу нивоа на родово насилство на јавниот простор, како што се на пример агресија или улично вознемирување “ нагласува Кристина.

Не може да се изгради град, исто како што не може да се изгради маало, без луѓето кои страдаат, живеат и сонуваат по неговите улици. На крајот на краиштата, станува збор за споделување спомени и борби кои ни овозможуваат да го гаиме тој друг можен град. Како што ќе рече кантавторот Франко Батијато, „мечтаете за некој друг живот“, да сонуваме, во меѓувреме, за друг град, побезбеден, дур да направиме да биде тој нашата реалност.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top