Насловна / Вести / Децата од Градски ѕид кај Зелено пазарче добија детско игралиште

Децата од Градски ѕид кај Зелено пазарче добија детско игралиште

Општина Центар го заокружи проектот за реконструкција и поставување нови детски игралишта на потегот околу Градски ѕид. Во овој дел од Центар, реконструирани се четири детски игралишта, а три се комплетно нови. Сега и децата од зградите на Градски ѕид околу Зелен пазар, имаат убаво и безбедно место за играње и забава.Novo-igraliste-Zelen-pazar-1

Со децении, уште од изградбата на овие згради, децата немаа свое игралиште. Граѓаните од општината и од градоначалникот Андреј Жерновски бараа катче за забава на нивните деца.

Новото и современо игралиште во весели детски бои има гумен под кој хигиенски лесно се чисти, бидејќи општина Центар особено води сметка за безбедноста на децата. Тие можат да уживаат во убавите и шарени лизгалки, платформи, клацкалки и лулашки.Novo-igraliste-Zelen-pazar-3

Овој простор со површина од 8000 м2 околу станбените блокови зад Зелен пазар, на потегот од булевар „11 Октомври“ до улица „Македонија“ има комплетно нов изглед.

Наместо исушената, засадена е нова трева, засадени се нови 2300 садници, кои се наводнуваат со автоматски систем, приклучен на хидрантска парковска мрежа.Novo-igraliste-Zelen-pazar-5

Паркот ја задржува убавината во текот на целата година, бидејќи го красат зимзелени и листопадни садници и зимзелени покривки. На локацијата има и две зимзелени магнолии со преубави бели цветови, а во текот на овој месец, за поголема разиграност на просторот, ќе се засадат цветни леи со 3000 петунии, соопштуваат од општина Центар.

Испрати коментар

Scroll To Top