Насловна / Вести / Деца од Потругалија ќе поднесат тужба против 47 европски земји

Деца од Потругалија ќе поднесат тужба против 47 европски земји

Pozari - Portugalija

Група од шест деца од Португалија, погодена со најголемите пожари во историјата на државата, собира пари заподнесување тужба против 47 европски земји, јавуваат португалските медиуми. Најлошите шумски пожари во историјата на Потругалија во текот на јули и август однесоа над 60 жртви,  а стотици луѓе беа повредени. Катастрофата директно влијаела на групата од шест деца на возраст од пет до 14 години, која ги обвинува европските држави дека ги загрозиле нивните животи бидејќи не работеле доволно во борбата против климатските промени. Правни застапници на децата се британски адвокати за заштита на животната средина, а ги поддржува организацијата  Global Legal Action Network.  Целта им е да соберат 22.000 евра за собирање на докази, односно 400.000 евра за доведување на случајот пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.  Главниот адвокат на оваа малолетна дружина, за Guardian изјавил дека „најавената тужба би била прва во историјата која заради климатските промени ќе изведе на суд повеќе влади во исто време.“ „Климатските промени предизвикуваат многу проблеми, но ако морам да наведам што највеќе ме загрижува, тогаш тоа е покаченото ниво на морињата кое води кон уништување на крајбрежјето, браните, патиштата и куќите. Тука е и зголемениот број на шумски пожари во последно време, а особено ова лето, кога пожарите однесоа многу жртви и ја оставија целата наша земја во жалост“, изјавило едно од децата.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top