Насловна / Вести / Дебрани ќе учат за придобивките од обновливите извори на енергија

Дебрани ќе учат за придобивките од обновливите извори на енергија

debar obnovlivi izvori_1

Денеска во Дебар граѓаните во рамките на отворен ден ќе имаат можност да се информираат за придобивките од користењето на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност преку бесплатни инженерски совети и промотивни материјали.
Настанот е во организација на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ и Центарот за развој на југозападниот плански регион, а е поддржан од општина Дебар.
Овој отворен ден е втор од низата отворени денови кои се одвиваат во текот на овој месец во рамки на ИРЕКо проектот.
По отворениот ден во Струга и овој во Дебар, во петок ќе се одржи отворен ден и во Охрид.debar obnovlivi izvori_2
Настаните се дел од втората активност на проектот со цел промоција на енергетската ефикасност и користењето на обновливите извори во Југозападниот плански регион на Македонија.
Проектот е финансиран од Европската Унија како дел од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија.
Водечки партнер на проектот е „Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ“ во партнерство со „Центарот за развој на југозападниот плански регион“ од Република Македонија и „Албанија-ЕУ Центар за енергетска ефикасност“ и Регионалниот совет на Корча од Република Албанија.

Испрати коментар

Scroll To Top