Насловна / Вести / Дали водата во пластични шишиња е безбедна?

Дали водата во пластични шишиња е безбедна?

Во водата на 10 познати компании која се продава во пластични шишиња, научниците откриле ситни честички од пластика, или микропластика, чија штетност за здравјето засега сеуште не е утврдена. Се работи за истражување кое го спровеле американски научници, кои тестирале над 250 шишиња од девет земји, меѓу кои биле САД, Индија и Либан.  Пластични наночестични с еоткриени во 93% од примероците на вода од светските брендови како Aqua, Aquafine, Dasani, Evian, Nestle Pure Life, San Pellegrin, Bisleri, Epure. Главно се работи за полипропилен, најлон и полиетилен терефталат (ПЕТ). Проесечно се откриени десет честички по литар вода, од кои секоја била со дебелина поголема од дебелината на човечко влакно. Раководителот на истражувањето вели дека „честичките се ослободуваат во текот на процесот на полнење на шишињата, и пластиката потекнува од самите шишиња. Бројките не се катастрофални, но секако се загрижувачки“.

plastics 2

plastics 1

Во една претходно спроведена студија на оваа тема, откриено е дека пластични честички има и во водата од водоводната мрежа, но во многу помали количини.   Засега не е познато дали и во колкава мера конзумирањето на овие честички е штетно, бидејќи научниците сеуште го истражуваат овој проблем.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top