Насловна / Арт и дизајн / Дали се ова хотели на иднината? (видео)

Дали се ова хотели на иднината? (видео)

Оние кои често патуваат, поминуваат многу време во различни превозни сретства, а заробени во сообраќајот губат скапоцено време.
Како што пренесува PC Press, дизајнот на студиото Aprilli понудил концепт кој тоа може да го промени, изгубените часови да ги претвори во време за работа или одмор.

ауто1
Станува збор за концептот „Autonomous Travel Suite” кој комбинира удобност на хотелски апартмани со возење, а креаторите го опишуваат како „ликсузен Uber” во рамки на кој корисниците можат да работат или спијат за време на патувањето.

ауто2

Автономните капсули за возење содржат се што е потребно за секојдневните активности – спиење, работа, исхрана, лична хигиена, со што ја елеминираат потребата од хотелска соба.

ауто3
Aprilli концептот претставува амбициозна идеја, која би можела да направи еволуција во патувањето, па така часовите поминати на пат да ги трансформира во удобни и ефикасни моменти во рамки на кои се чува скапоценото време.

Испрати коментар

Scroll To Top