Насловна / Вести / Суперсоничните авиони и заштитата на животната средина

Суперсоничните авиони и заштитата на животната средина

Суперсоничните авиони се појавија во втората половина на дваесеттиот век. Нивната специфичност во однос на денешните воздухоплови била способноста да летаат побрзо од брзината на звукот, која при нормални услови во воздухот изнесува 1224 km/h (340 m/s). Покрај тоа, овие авиони летале на поголеми височини. Суперсоничните воздухоплови главно се користеле во  истражувачки и воени цели, а само два модели биле дел од флотата на цивилното воздухопловство – Тупољев Tu-144 и Конкорд. Патниците од Лондон до Њујорк стигнувале за три часа и петнаесет минути, но овој тип на воздухоплови е повлечен од комерцијална употреба поради високите трошоци, односо неекономичноста.  За летот на наведената дестинација биле потребни 75 тони гориво, количина со која современите авиони можат да минат повеќе од двојно подолг пат. Високите цени на билетите биле условени и со малиот број места во авионите. Поскапувањето на горивата им пресуди на суперсоничните авиони и ги приземји.

ssonic1

ssonic2

Сепак, неколку компании сакаат повторно да го лансираат овој концепт, а меѓу нив е и  Boom Supersonic од Денвер, САД. Нивните стручњаци тврдат дека во екот на технолошкиот напредок, трошоците за „суперсоничните“ авионски билети би можеле да опаднат за 755, и дека летањето во воздухопловот со 55 седишта не би требало да биде поскапо од актуелното летање со бизнис класа. Водечкиот светски производител на авиони, компанијата Boeing, исто така настојува да го „забрза“ авионскиот сообраќај, а дури и американската Национална воздухопловна и вселенска администрација работи на унапредувањето на суперсоничните авиони. Сепак, процесот на повторно афирмирање на суперсоничните авиони ќе биде макотрпен, особено поради фактот што здруженијата за заштита на животната средина серизно се противат на овој концепт. Воздушниот сообраќај е одговорен за околу 12% од глобалниот јаглероден отпечаток на годишно ниво, но авио компаниите настојуваат до 2050 година да ги преполоват емисиите на стакленички гасови споредено со 2005 година.

Вклучувањето во сообраќај на авионите кои се пет до седум пати јаглеродно поинтензивни отколку субсоничните, со единствена цел зааштеда на неколку часа во патувањето преку Атлантикот, е навистина проблематично и неоправдано за поборниците за заштитата на животната средина.  Изразениот еколошки отпечаток на супесоничните воздухоплови, покрај високата енергетска интензивност, е условен и со фактот што превезуваат помал број на патници, што резултира и со повисоки емисии по патник.

ssonic3

ssonic4

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top