Насловна / Вести / Дали литиумот ќе биде новата нафта?

Дали литиумот ќе биде новата нафта?

Bloomberg  јавува за голем пораст на цената на литиум карбонатот, индустрискиот литиум кој се користи за изработка на литиум-јонските батерии. Цените на овој материјал се повисоки за 46% во однос на минатогодишниот просек. Консултантите проценуваат дека во периодот  2015 – 2024 година, пазарот на литиум-јонски батерии за електрични и хибридни возила ќе вреди 221 милијарди долари.litium

„Снабдувањето со суровини досега не држеше чекор со проектите што се во фаза на реализација, и најверојатно и понатаму не ќе може да се задоволи проектираната побарувачка“,  вели првиот човек на компанијата General Mining Corporation, која започнува со извоз на литиум од Западна Австралија. Подемот на индустријата на електрични автомобили е неспорен. Кина има планирано пет милиони електрични автомобили на своите улици до 2020 година, „Nissan“ и „Renault“ веќе објавија рекордна продажба на возила кои користат батерии. „Volkswagen“ и  „Audi“ планираат своите први спортски електрични возила да започнат да ги произведуваат во 2018 година.

Имајќи ги предвид сите овие трендови, неминовно се поставува прашањето: дали литуимот ќе биде новата нафта? Колку тој факт ќе направи револуција во геополитичките интереси? Во светот најголеми резерви на суровини за производство на литиум-јонски батерии  имаат Австралија и Чиле.

litium (2) litium

(Двете фотографии го прикажуваат најголемиот рудник на литиум во светот кој се наоѓа во Атакама, Чиле. Рудникот обезбедува 25% од вкупната побарувачка за литиум во светски рамки)

Испрати коментар

Scroll To Top