Насловна / Арт и дизајн / Дали е ова најталентираниот сликар? (видео)

Дали е ова најталентираниот сликар? (видео)

Уметникот Boubou Niang користи се што ќе му падне под рака за да создаде ремек-дело. И не само тоа, ова талентирано момче од Сенегал може да слика, мижејќи, а она што е специфично е дека се слика наопаку.

Boubou е по потекло од Дакар, оригинален е во тоа што го работи и тоа што го создава е одлично. Неговите дела веројатно никогаш не би биле запазени да не е интернетот.

Неговата работа најпрвин е забележана на социјалните мрежи и веднаш привлекла големо внимание.

Boubou е неверојатно талентиран. Доволно е само да „фрли поглед“ на некоја особа за да може да ја пренесе на платно и тоа неверојатно прецизно.

Интересно е дека Boubou користи разни објекти како сликарски алат – од фен за коса, преку обрач од кош, велосипед, тениски рекет, боксерски ракавици, нозе, па и човечка коса.

„Можам да сликам со што и да посакате. За мене уметноста е слобода. Сакам да сликам наопаку, бидејќи така ми е полесно и побрзо“, изјавил Boubou за ВВС и доадал дека „некои луѓе мислат дека сум луд, други дека сум преварант, но тоа се нормални реакции“.

Портретите на познати личности не само што му донеле најголема слава, туку токму тие луѓе кои ги сликал, станале негови најголеми обожаватели, пишува Awesomebyte. Меѓу славните лица кои ги портретирал се глумецот Двеин Џонсон, претседателот Доналд Трамп, кошаркарот Коби Брајант, пеачката Бјонси и многу други.

Испрати коментар

Scroll To Top