Насловна / Архитектура / Венециската меѓународна изложба за архитектура одложена за во 2021 година

Венециската меѓународна изложба за архитектура одложена за во 2021 година

Организацијата на Венециското биенале објави дека 17-тата меѓународна изложба на архитектура, со тема „Како ќе живееме заедно?“, се одложува уште еднаш и ќе се одржи од 22 мај до 21 ноември 2021 година.

Venecija

Поради пандемијата на коронавирус, Биеналето првично беше одложено од 29 август до 29 ноември 2020 година. Сепак, поради сложената здравствена состојба, беше решено изложбата да се пресели во 2021 година и да трае шест месеци како што беше првично планирано.

По консултациите со кураторот Хашим Саркис, претседателот на Биеналето, Роберто Цикуто ја објави веста, во која се вели дека се одложува Меѓународната изложба на архитектура.

Кураторот Хашим Саркис ја коментираше ситуацијата и рече: „Длабоко сум трогнат од упорноста на сите учесници во последните три месеци. Се надевам дека новиот датум на отворање прво ќе им овозможи да направат пауза, а потоа да ја завршат својата работа во мир и со многу енергија. Ние не планиравме вака. Темата ни дава можност да одговориме на пандемијата во нејзината непосредност. Затоа ќе се вратиме во Венеција во наредните месеци заради низа активности посветени на архитектурата“.

Venecija1

Овој потег влијае и на 59-та Меѓународна уметничка изложба, која првично беше планирано да се одржи во 2021 година. Сепак, оваа изложба се сели во 2022 година и ќе се одржи од 23 април до 27 ноември.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top