Насловна / Вести / Турција продолжува со истражувањата на нафта и гас во Средоземјето

Турција продолжува со истражувањата на нафта и гас во Средоземјето

Турција е одлучна со продолжувањето на истражувањата на нафта и гас во источните делови на Средоземното море. Тоа го нјавил турскиот министер за енергетика и природни ресурси Fatih Dönmez, истакнувајќи дека специјализираниот брод за овие истражни бушотини, ќе започне со работа веќе во јули 2020. Истовремено, тој кажал дека турската нафтена компанија Turkish Petroleum поднела барање за спроведување на истражувања во источниот Медитеран, што е во согласност со меморандумот за разбирање кој на 27.11.2019 година го потпишаа Турција и Либан, во врска со разграничувањето по море, а кој меѓународната заедница го смета за нелегитимен. Поради сето тоа, Франција, Грција, Кипар, Египет и ОАЕ изјавија дека последните потези на Турција ги сметаат за незаконски.

fatih1

fatih2

Испрати коментар

Scroll To Top