Насловна / Вести / Дали би се искупиле за вашите еколошки гревови во ќелија од пластични шишиња?

Дали би се искупиле за вашите еколошки гревови во ќелија од пластични шишиња?

Во 2012 година, канаѓанецот Robert Bezeau дошол на архипелагот Bocas del Toro во Панама за да помогне во згрижувањето на пластичниот отпад и рециклирањето на островите. За една и пол година, колку поминал работејќи на овој проект, тој собрал околу милион пластични шишиња.

9_resize

Bezeau одлучил од ѓубрето да направи градежен материјал и да изгради еколошко село од пластични шишиња. Пластичните шишиња користени се и претходно за изградба на еколошки куќи, но овој амбициозен проект подразбирал изградба на цело село на површина од околу 33 хектари.

5_resize

6_resize

За изградба на еден објекте, прво се прави челичен кафез, кој потоа се исполнува со пластични шишиња и на крајот бетонира. Bezeau тврди дека пластиката е одличен изолатор, а дека неговиот метод на градење е многу брз. Трајноста на овие куќи е загарантирана, бидејќи на пластиката и се потребни и до 500 години за целосно да се разгради.

Исто така, уште една предност на овие куќи е нивната отпорност на земјотреси, бидејќи пластиката е исклучително цврст, но флексибилен материјал.

1_resize

7_resize

Првото еко село во светот чии куќи се изградени од пластични шишиња вклучува неколку објекти – вклучувајќи го и најголемиот замок направен од пластични шишиња според Гинисовата книга на рекорди. Пластичниот замок има четири ката, висок е 14 метри и е направен од 40.000 шишиња. Во него се сместени четири соби, трпезарија, но исто така и видиковец на врвот.

2_resize

Во ова село од пластични шишиња има и затворска ќелија направена од 10.000 шишиња во која може да се преспие за 30 долари. Главната цел на ноќевањето е да се искупат еколошките гревови кои сме ги направиле, односно да сфатиме колку пластика трошиме и да ја намалиме употребата на овој материјал во секојдневниот живот.

8_resize

3_resize

4_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top