Насловна / Вести / Дали би купиле виетнамски автомобил со 10 години гаранција?

Дали би купиле виетнамски автомобил со 10 години гаранција?

Виетнамскиот производител на атомобили VinFast, има намера да дојде во Европа, а еден од адутите за успех на Стариот континент ќе му биде 10 годишната гаранција. Кога во 2018 година, овој производител се појави практично „од никаде“ и ги претстави своите модели на лимузина и SUV, го нарекоа „виетнамскиот BMW“, со оглед дека и двата модела ги користеле механичката платформа и моторизацијата на баварскиот производител.

vin2

vin3

Денес VinFast веќе не е анонимно име во автомобилскиот свет, туку амбициозна компанија која сака да покрене производство на европскиот континент, и тоа во Германија. На неодамна одржаниот саем CES во Лас Вегас, виетнамскиот производител не само што претстави вкупно пет нови електрични кросовери, туку и потврди дека интензивно бара локација во Германија за да започне со производство од 2025 година.

vin4

FILE PHOTO: A general view of VinFast's factory in Hai Phong City

Автомобилскиот огранок на виетнамскиот VinGroup, веќе имаше свој настап на авто салонот во Лос Анџелес, каде го претстави и новото седиште на компанијата во Северна Америка, како и два целосно нови електрични SUV возила – VF e35 и VF e36. Своевремено виетнамците произведувале скутери за домашниот пазар, а потоа во 2018 година ги лансирале двата споменати модели Lux A 2.0 и Lux SA 2.0, под водство на поранешни менаџери на GM. Инаку, овој производител на автомобили е основан дури во 2017 година, а планира да го освои светот во наредните неколку години со помош на производните погони во Виетнам, САД и Германија. VinFast на CES потврди дека во иднина ќе се потпира исклучиво на електрични возила.

vin6

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top