Насловна / Вести / Црвен картон и казни за сите несовесно паркирани возила на паркиралиштата на ПОЦ

Црвен картон и казни за сите несовесно паркирани возила на паркиралиштата на ПОЦ

Од вчера, во рамките на втората фаза од едукативниот проект „Паркирај совесно“, учениците од трета година средно образование, кои во изминатите два месеци беа вклучени во интерактивните предавања за сообраќајна култура, ќе патролираат на паркиралиштата во Скопје и практично ќе го покажат своето знаење.

Vozi_bezbedno_-8

Имено, учениците ќе имаат задача да ги идентификуваат прописно и непрописно паркираните автомобили, и соодветно на тоа, да постават зелен односно црвен картон на возилата. Активностите на терен средношколците ќе ги реализираат заедно со контролорите на ПОЦ и сообраќајната полиција кои воедно ќе ги казнуваат сопствениците на непрописно паркираните возила согласно редовната постапка.

Дополнително, во втората фаза, а со цел да се поттикне поактивно вклучување на средношколците во проектот, учениците ќе имаат задача да направат интересни фотографии или видеа од непрописно и прописно паркирани автомобили и да ги објават на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм на профилот на „Паркирај совесно’’.

Vozi_bezbedno_-9

Најдобрите 10 фотографии кои ќе имаат најмногу лајкови, коментари и споделувања ќе добијат награда – летување во најголемиот спортско едукативен камп Скоурас во Грција, кој ќе се реализира од 21 до 28 јуни 2019 година, во организација на компанијата Коузон Корпорација, поддржана од „Курир-брза пошта“.

Vozi_bezbedno_10

По завршување на теренските активности, во последната недела од месец мај, учениците ќе бидат тестирани за стекнатото знаење од едукативните предавања реализирани во првата фаза од проектот, а 10 ученици со најдобри оценки на тестирањето ќе ја добијат главната награда и ќе станат лидери на групи односно ментори на групи во летниот камп. Овие деца ќе посетуваат обуки за менторство и ќе добијат надоместок за успешно завршената задача.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top