Насловна / Арт и дизајн / Чиста панк елеганција

Чиста панк елеганција

Миланската недела на дизајнот секоја година ни открива ново име, чија работа едноставно воодушевува.

Оваа година вниманието го привлече делото на Ника Зупанц, млада словенечка дизајнерка која живее и работи во Љубљана. За неа пишувале и главните светски публикации како што се американскиот магазин Elle, кој нејзиното дело го нарекува чиста „панк елеганција“, или The Wall Street Journal, кој истакнал дека се работи за „вистинска ѕвезда“.словенка_3

Еден поглед на секое парче мебел од која било нејзина колекција, е доволно да се знае во која насока дизајнерката се движи. словенка_1

Нејзините дела рефлектираат женственост, елеганција и префинетост, и често доаѓаат во меки пастелни нијанси.словенка_2словенка_1 словенка_2

Испрати коментар

Scroll To Top