Насловна / Вести / Четврта смена на Skopje Design Week

Четврта смена на Skopje Design Week

SDW2014

Четвртото издание на Skopje Design Week оваа година ќе се одржи од 23 до 28 септември во Куршумли ан со програма што целосно ги оправдува очекувањата на урбаната публика, дизајн и бизнис заедницата. Оваа година програмата има француска арома од причина што земја во фокусот е Франција.
SDW, под мотото „Четврта смена“, идејата е да се доловат различните функции: промоција, деловна соработка, едукација, забава и дружење.
Токму поради единственоста на настанот, карактерот кој го носи истиот веќе четири години, организаторите ве покануваат на:

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
18 септември, 11.00 ч.
Локација: Француски институт во Скопје
ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.48

На прес конференцијата ќе биде изнесена и претставена целокупната програма на Скопската недела на дизајн.

Испрати коментар

Scroll To Top