Насловна / Вести / Четиринаесет згради во Карпош ќе добијат нов покрив

Четиринаесет згради во Карпош ќе добијат нов покрив

karpos

Петчлена комисија од Општина Карпош составена со двајца инженери, еден архитект, правник и вработен во финансии, ќе посетат 14 згради, чии куќни совети се пријавија на огласот за обнова на покривите.

„Овие 14 згради, ќе ги посети наша петчелена комисија составена со двајца инжињери, еден архитект, правник и вработен во финансии. Согласно критериуми кои беа дадени во огласот, ќе се утврди ранг листа врз основа на која ќе почне да се работи на првата зграда, а потоа согласно рангирањето и распоредот“, изјави градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Тој апелираше до граѓаните за ново аплицирање и ги информираше за дополнителна шанса за изградба на нов покрив и реконструкција на постоечкиот со помош на Општината.

Испрати коментар

Scroll To Top