Насловна / Вести / Четири града на пат кон одржлива иднина

Четири града на пат кон одржлива иднина

Градоначалниците на четири големи градови од различни страни на светот, се првите потписници на Декларацијата C40 за чиста градба, со што се обврзаа на намалување на емисиите од градежните проекти во своите градови на половина до 2030 година. Станува збор за Будимпешта, Мексико Сити, Лос Анџелес и Осло. Споменатата цел би требало да се оствари со воспоставување на тесна соработка на надлежните градски тела, водечките градежни компании и иновативните деловни заедници. Со тоа, воедно би требало да се револуционаризира светското градежништво и да се насочи кон одржлива иднина, со цел да се оствари динамичен, отпорен и здрав живот во градовите, особено за ранливите заедници.

cc2

Во моментот, секторот згради е одговорен за над 23% од светските емисии на стакленички гасови и за над 30% од светската потрошувачка на ресурси, додека продолжувањето на таквите трендови би довеле до опасен пораст на просечната глобална температура за 3°C. Во согласност со тоа, потпишаната Декларација претставува амбициозна цел во развојот на зградите и градската инфраструктура со нулта нето емисија. Тоа би требало да се постигне со следните мерки:

- намалување на вкупните емисии во сите нови и реконструирани згради за најмалку 50% до 2030 година

- намалување на вкупните емисии во сите инфраструктурни проекти за најмалку 50% до 2030 година

- при спроведувањето на јавните набавки, ќе се поставува условот за градежни машини со нулта емисии до 2025 година.

Истовремено, реконструкцијата и обновата на постоечкиот фонд на згради има голем потенцијал за создавање на нови, зелени работни места, што е важно и за опоравување на економијата од пандемијата. Градоначалниците потписници на Декларацијата се обврзале до 2025 година да остварат барем еден важен градежен проект со нулта емисии и секоја година да известуваат за напредокот.

Во меѓувреме, во некои други земји, и во некои други градови, состојбата е сосема поинаква. Таму градоначалниците реализираат инфраструктурни проекти кои чинат барем два пати повеќе отколку што е вообичаено во светот, а нивните „партнери“ градат згради на ниво на стандардите од педесетите годни од минатиот век, само што овојпат без речиси никакво зеленило меѓу нив, ниту пак доволно растојание. За жал, не станува збор ниту за „чиста градба“, ниту за „чисти сметки“.

cc1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top