Насловна / Арт и дизајн / Центар „Жорж Помпиду“: архитектонска икона на Париз

Центар „Жорж Помпиду“: архитектонска икона на Париз

Центарот на национална уметност и култура „Помпиду“, беше отворен на 31 јануари 1977 година. Од моментот на неговото отворање за јавноста доживеа огромен успех. Предизвика полемика, но и успех од самиот старт. Стана светски лидер на модерната уметност. Една од најпопуларните и најпосетуваните локации за уметност во светот. Место во кое се преплетуваат многу насоки на современата култура, уметност, дизајн, литература, музика и филм. Огромна мултидисциплинарна структура, или „фабрика“ за култура, која чува и изложува најзначајни уметнички дела.Untitled-1

Во текот на 70. и 80. години, во центарот Помпиду беа организирани највлијателните изложби на историјата на уметност на 20 век.

На почетокот зградата ја возбуди јавноста, предизвикувајќи голема полемика. Многумина се жалеа дека не се вклопува во историското наследство на градот. Противниците ја споредуваа со рафинерија за нафта. Сепак придонесе многу за ревитализацијата на областа во која е изградена.1. Centre_Pompidou,_seen_from_Tour_Montparnasse

Денес е меѓународно признато обележје, симбол и пример на објект од 20 од век, со современ високо технолошки архитектонски стил.4. The-Georges-Pompidou-Centre

Секако дека уште во тој период, бев да го посетам овој објект. Бев импресионирана и со денови размислував за  неговата јасна, чиста, високо технолошка, целосно транспарентна,  современа архитектура. Видов сосема нова, смела концепција во решавањето на просторот. Радикална. Невидена претходно. Неочекувана. Челик, стакло и обоени цевки. Лебдеше прашањето, што е ова, нов хај-тек стил во архитектурата, футуристичка урбана машина или огромен вселенски брод слетан во центарот на традиционалниот Париз.orig-pompidou-02

Историја, раѓање на револуционерен концепт

Во 1969 година, на иницијатива на тогашниот претседател на Франција Жорж Помпиду, решено беше слободната локација на платото „Бобур“ во Париз, да се искористи за изградба на современ, нов мултидисциплинарен центар.496aa386060f7017e36208cd4c381b5c

Во 1971 година прв пат во Франција беше објавен  меѓународен архитектонски конкурс. Се пријавија архитекти од целиот свет. Учествуваа 681 кандидат од 49 различни земји со свои архитектонски решенија. Меѓународно жири, во кое беа и познатите модернисти Оскар Нимејер (1907 – 2012), Жан Проуве (1901 – 1984) и Филип Џонсон (1906 – 2005), го избра проектот предложен од тимот составен од британскиот архитект Риџард Роџерс ( 1933 ) и двајца италијански архитекти, Ренцо Пиано (1937) и Џанфранко Франџини (1938 – 2009). Во тоа време сите беа млади и релативно не познати.9. cgp5

Пиано и Роџерс управуваа со реализацијата на проектот (1971-1977).  За време на изградбата на градежните работи тие поставија своја канцеларија спроти катедралата Нотр Дам, на брегот на Сена.

Потоа двајцата создадоа посебни врвни кариери. (Во следните броеви на Порта3 се планирани написи за нивното творештво). Секој од нив индивидуално ја освои Притцкерова награда, главната награда за архитектура, која се нарекува и Нобелова награда во архитектурата.Untitled-2

Локација и структура

Објектот е изграден на локација од два хектара, на платото „Бобур“ во густата урбана структура на стариот Париз, на работ на Маре. На половината од локацијата е поставена зградата, а втората половина е отстапена на јавниот простор – плоштадот пред неа кој следејќи го радикалниот дизајн, води кон влезниот хол.Dominique-Gonzalez-Foerster-exhibition-Centre-Pompidou-2015-Turbine-Hall

Зградата вкупно има 10 ката (7 ката над земја и 3 под земја). Во неа се  сместени простории со следна намена:

Национален музеј за модерна уметност 12 210 м²; простор за привремени изложби 5 900 м²; библиотека за јавност 10 400 м²; сопствена истражувачка библиотека 2 600 м² (библиотека Кандински);  две кино сали (315 и 144 седишта); простор за изведба на перформанси (384 седишта) и простор за предавања (158 седишта).

Од 1997 до 1999 година објектот беше реновиран. Со реновирањето и реорганизацијата, неговата површина се зголеми на 100 000 м².6-centre-georges-pompidou-6 (© Paris Tourist Office - Photographer Alain Potignon - Architect Renzo Piano et Richard Rogers)

Структурата на зградата, е направена од челична носечка конструкција. Составена е од големи префабрикувани челични елементи. Огромни челични решетки (48 метри) ја опфаќаат целата ширина на објектот. Создаваат внатрешен, отворен  простор (50 м на 170 м) во кој може да се организира секаква активност. За максимална флексибилност во внатрешноста на објектот, сите инсталации и услуги се извадени надвор (поставени се на фасадата по должина на улицата „Rue Beaubourg“).7. Centre-George-Pompidou_3

Комуналните услуги се обоени во архитектонски кодирани бои. Зелена за инсталација за вода, жолта за електрична инсталација, сина за воздух и црвена за вертикална циркулација. Лифтовите и ескалаторите, преку провидни цевки на предната фасада, која гледа кон плоштадот, овозможуваат извонредни погледи на Париз.

Намерно оставајќи ја зад себе строгата традиција, Центарот Помпиду е целосно транспарентен, во неговата функција и лик. Разбирливо и привлечно.3. Centre-Georges-Pompidou

40-ти роденден на Центарот Помпиду

Оваа година се навршуваат 40 години откако „Центарот Помпиду“ е предаден во употреба. Целата 2017 година е посветена на одбележувањето на овој јубилеј, со организирање на серија настани од областа на културата.

По повод на јубилејот во печатот имаше многу интервјуа со неговите автори, архитектите Ричард Роџерс и Ренцо Пиано. Тие потсетуваат на периодот во кој проектот за „Центарот Помпиду“ беше дизајниран и реализиран. Период кој беше под силно влијание на големите студентски и работнички немири кои се случуваа во 1968 година во Париз и кои за малку ќе ја собореа владата.

Објектот првобитно беше наречен „Центар Бобур“, но беше преименуван во  „Центар Жорж Помпиду“, по името на претседателот Помпиду, кој почина за време на изградбата на зградата, а кој меѓу другото, бил заслужен и за мирното решавање на овие граѓански немири. 2a. Le_Centre_Pompidou

Во некои од нивните изјави, како во интервјуто за Dezeen, Роџерс вели: „ Тоа беше многу активен период во политиката и може да се тврди дека е дел од концептот. Динамичен период, период на промени. Ние сакавме да фатиме се што се случуваше во моментот, кој речиси ја промени историјата на Европа. Изгледаше како да има револуција. Тоа не се случи, но ние фативме дел од неа во зградата“. На пример, „ако се погледне по внимателно во фасадата на објектот, во неа има многу за овие немири, но и за Виетнам“.

На почетокот дизајнот на објектот беше оцрнет. Шокот од новините тешко се прифаќаат. Но Пиано вели дека градот бргу се прилагоди на дизајнот и јавноста бргу го прифати. Реакцијата на дизајнот на објектот беше опишана како „љубов на втор поглед“.2. Centre Pompidou

Архитектонска икона на 20-ти век

„Центарот Помпиду“ е уникатен објект во светот, инспиративен, кој остава живописен, естетски впечаток. Предизвикува институционални идеи и размислувања за тоа какви треба да бидат музеите на новата генерација. Тој е прототип на нов тип на музеи и културни центри. Препознатлив е по архитектурата на архитектите Пиано и Роџерс, дизајнирана како „еволутивен просторен дијаграм“, како и по начинот на кој целосно го ослободуваат внатрешниот простор на објектот од носечката конструкција. Целиот простор од 7500 м² на кат, е  максимално флексибилен и може да се подели и реорганизира по потреба и желба. Со употреба на челик (15 000 тони), стакло (11 000 м²) и екстернализација на носечката конструкција, заедно со циркулацијата и услугите, тоа беше навистина пионерска градба на своето време. Наследник на големите железни згради на Индустрискиот период. Футуристички на многу начини, со иновативен па дури и револуционерен карактер „Центарот Помпиду“ е еден од најмаркантните симболи на нашето време, архитектонска икона на 20 век.

Во моментов, „Центарот Помпиду“ го посетуваат помеѓу 3,5 и 3,8 милиони посетители годишно.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top