Насловна / Вести / Центар започнува со изградба на парк за миленичиња

Центар започнува со изградба на парк за миленичиња

На Светскиот ден на љубов кон миленикот, општина Центар започна со изградба на парк за миленичиња.

Паркот е сместен во рамките на „Паркот на новинарите“, спроти Министерството за образование и наука, и е на површина од 308 метри квадратни.centar

За поголема безбедност, просторот ќе биде опколен со ограда висока два метри.

Паркот ќе биде збогатен и со урбана опрема, односно клупи и корпи за отпадоци. Во договор со граѓаните, ќе бидат поставени и реквизити за миленичињата, што ќе овозможи активно дружење со домашните миленици, соопштуваат од Општината.

Испрати коментар

Scroll To Top