Насловна / Архитектура / Центар за комеморација на жртвите од земјотресот во Болу, Турција

Центар за комеморација на жртвите од земјотресот во Болу, Турција

Вестите деновиве потсетуваат дека земјотресите што се случија во Турција и Сирија во изминатиов период, не се единствените во овој дел. Областа исто така била погодена од повеќе од дваесет земјотреси во минатиот век, а еден од нив бил особено разорен во Болу, град основан пред повеќе од 2.000 години.

 

Бирото YNRDG Architecture, предводено од архитектите Али Бурак Јанардаг, Онер Демирџан и Бурџу Семизоглу, стои зад проектот за центар за комеморација на жртвите од земјотресите што го погодија регионот Болу во северна Турција. Центарот се наоѓа во градскиот парк во главниот град Болу, северозападно од Анкара.

 

Предлогот се обидува да го трансформира центарот во активна точка за социјализација за жителите и градот и се интегрира во неговата програма, покрај нејзината примарна намена, да биде монолитен потсетник за моќта на земјотресите, потоа, галериски простор за привремени изложби и сала за состаноци.

2

Интервенцијата е составена од два диференцирани елементи. Првиот кат преку новтаа топографија ја реинтерпретира активната внатрешност на земјиштето, со монолитна структура од бетонски ѕидови. Овие приземни монолитни неправилни ѕидови се направени од бетон и ги преземаат речиси сите функции: го поддржуваат, изолираат, штитат и дефинираат внатрешниот и надворешниот простор. Неправилните бетонски ѕидови се однесуваат и на минатите тенденции за уништување на градот.

4 3

На вториот кат, пак просторот е формализиран со хоризонтален волумен кој дава чувство на леснотија. Хоризонталниот волумен дефиниран со бетонска решетка има рефлектирачка фасада, која дава леснотија на целата обвивка однадвор и се губи во пејзажот. Овој волумен станува фенер за паркот и го истакнува присуството на нов јавен простор. Заедно со отворените и полуотворените тераси, кафетеријата на првиот кат создава јавно место за дружење и дијалог. Осветлувањето на габаритот го осветлуваат и партерот и ја  прикажуваат неговата програма, како одраз на нов јавен пулсирачки израз.

8 5 12 11 7

Почвата се реконструира преку топографска интерпретација. Од пешачка гледна точка, зградата се перцепира како школка формирана од површината на паркот што се одвојува од земјата, неправилни ѕидови под оваа школка и волуменот што егзистира над неа, создавајќи тензија помеѓу полното и празното. Целото приземје е резервирано за меморијални и изложбени простори и кафетерија.

9 10 14 13 17 16 15 19

Проектот за меморијален земјотрес се смета за визија за трансформирање на локацијата на паркот во вибрантно социјално урбано јадро за локалните корисници.

22 21 20

Испрати коментар

Scroll To Top