Насловна / Вести / Цените на становите пораснале и во ЕУ

Цените на становите пораснале и во ЕУ

Цените на станбените недвижности во Европската унија и еврозоната пораснаа во третиот квартал од минатата година, најмногу во последните 15 години, покажа извештајот на Eurostat.

На ниво на ЕУ, цените на станбените недвижности се зголемиле за 9,2 отсто во третиот квартал од минатата година во споредба со истиот период 2020 година. Во второто тромесечје пораснале за 7,4, според ревидираните податоци.

р1_resize

Во еврозоната, цените на становите се зголемиле за 8,8 отсто во третиот квартал, што е највеќе од 2005 година кога Eurostat почна да собира податоци.

„Во второто минатогодишно тромесечје зголемени се на годишно ниво за 6,8 отсто. Сите земји од ЕУ, освен Грција, чии податоци не беа достапни, забележаа пораст на цените на станбените недвижности во третиот квартал во споредба со истиот период претходната година, а половина од нивната стапка на раст беше повеќе од десет проценти“, забележува Eurostat.

Становите највеќе поскапеле во Чешка, 22 отсто, во споредба со истиот период 2020 година. Следат Литванија и Естонија со раст на цените од 18,9, односно 17,3 отсто и Холандија каде поскапеле за 16,8 отсто.

р_resize

Во Хрватска, цените на становите се зголемиле за девет отсто во третиот квартал од минатата година во споредба со истиот период 2020 година, што е најмногу од почетокот на таа година. Во вториот квартал се зголемиле за 6,5 отсто.

Најблаг раст на цените има на Кипар, 2,2 отсто, а потоа следат Италија и Шпанија со пораст на цените на становите за 4,2 отсто.

Испрати коментар

Scroll To Top