Насловна / Вести / Загреб воведува наплата на комуналниот отпад според количината

Загреб воведува наплата на комуналниот отпад според количината

Во Загреб се воведува нов систем на наплата на комуналниот отпад, осносно според количината. Целта е да се намали количината на отпад кој завршува на одлагалиштата. Граѓаните ќе плаќаат фиксен дел еднаков за секое домаќинство, и варијабилен дел преку купување на вреќички во кои ќе го одлагаат отпадот во контејнерите. На тој начин, оние кои повеќе ќе го селектираат отпадот ќе плаќаат помалку. Актуелниот предлог е вреќичка од 20 литри да чини 4 куни (0,53 евра), а од 40 литри да чини 8 куни (1,06 евра) со вклучен ДДВ. Во моментот оваа одлука е пуштена на јавна расправа, а планирано е да стапи на сила од 1-ви јули 2022 година. Сепак, одлуката е комплексна за имплементација, со оглед дека станбените згради имаат контејнери со слободен пристап, кои сега ќе треба да се држат под клуч, а се поставува и прашањето на контролата и хигиената. Но, и покрај споменатите бариери, градските власти истакнуваат дека нема алтернатива.

otpad1

otpad2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top