Насловна / Вести / Цената на електричната енергија за индустријата во Македонија, највисока во регионот

Цената на електричната енергија за индустријата во Македонија, највисока во регионот

Трендот на пораст на цената на електричната енергија за домаќинствата во земјите – договорни страни на енергетската заедница, продолжил и во 2018 година, додека по повеќегодишно намалување, цената за индустриските потрошувачи започнала да се зголемува. Ова е заклучокот на Годишниот извештај на Агенцијата за соработка на енергетските регулатори (ACER), за резултатите од следењето на внатрешните пазари на електрична енергија и природен гас во 2018 година. Извештајот се однесува на земјите членки на ЕУ, но во одреден дел и за договорните страни на Енергетската заедница. Иако во повеќето земји членки на Енергетската заедница цената на електричната енергија за индустриските потрошувачи намалувана во периосот 2013-2017, во 2018 година следело покачување. Најголем раст на годишно ниво забележан е во Македонија и изнесува 17% . Најниската цена на електричната енергија за индустријата била во Црна Гора, додека највисоката била во Македонија, со што земјава го презела лидерското место од Србија -лидерот за 2017 година.

acer2

Electrical Pylons near Jabel Ali, Dubai, United Arab Emirates

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top