Насловна / Вести / Целосно обновено ЦОУ „Круме Кепески” во Кисела Вода

Целосно обновено ЦОУ „Круме Кепески” во Кисела Вода

80 нови првачиња оваа есен ќе започнат со настава во ЦОУ „Круме Кепески“ во Кисела Вода, информираат од локалната власт. Објектот кој во текот на изминатата година бил темелно обновен од страна на Општина Кисела Вода, е подготвен да ги прими учениците.krume skolo

Имено, најпрво, била спроведена детална енергетска контрола. Била утврдено дека објектот кој е изграден во 1962 година, е во навистина незавидна состојба. Кровот имал поприлично оштетени азбестни плочи, па честопати се случуваше при поројни дождови да прокиснува, па  внатре во самиот објект, посебно во зимските услови да се чувствува влага. Општина Кисела Вода инвестирала во изработка на проект за енергетска обнова, по што во ЦОУ „Круме Кепески“ беше извршена замена на постојните со нови прозори, изведба на нова фасадна топлинска изолација, замена на постојниот кровен покрив и топлинска изолација на кровната плоча. Инвестициите во подобрување  на условите за учениците продолжија со реконструкција на санитарните јазли во училишниот објект. Беше поставена нова санитарија, плочки, врати, нова водоводна инсталација и одводни цевки, како и штедливи лед арматури за осветлување.

Во учебната 2016-2017 година, во ова училиште настава посетуваа 762 ученици.

Испрати коментар

Scroll To Top