Насловна / Вести / Целосно изгаснат пожарот кај Катланово

Целосно изгаснат пожарот кај Катланово

Пожарот кој избувна околу 8 часот вчера вечер кај Катланово, а беше лоциран над бензинската пумпа на автопатот Велес – Скопје, утрово нешто пред 6 часот е целосно изгаснат, соопштија од Противпожарната бригада на Скопје.

Screenshot_2

Во гаснењето на пожарот кај Катланово беа вклучени 22 пожарникари и 10 возила, а на терен беше испратено и едно возило од рафинеријата „Окта“ за да им помогне на пожарникарите.

Screenshot_1
Според командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, со пожарот чие гаснење траеше во текот на ноќта, била зафатена голема површина нискостеблеста шума, а огнот почнал да се шири и кон повисоките делови каде има борова шума.

Испрати коментар

Scroll To Top