Насловна / Архитектура / 28. меѓународна Летна школа за архитектура „Конфигурација“

28. меѓународна Летна школа за архитектура „Конфигурација“

Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје,
во периодот од 6 до 14 јули, во село Лазарополе ја организираше својата 28-ма сесија на Летната школа за архитектура.
Како и претходните години, школата имаше интернационален карактер со учество на студенти на архитектура од повеќе земји и универзитети. На овогодинешната школа учествуваа вкупно 25 студенти од Ирска, Србија, САД и Македонија.

slika 3
Воспоставената пракса од претходните сесии на Летната школа, темата, задачата и методологијата на работа да бидат предложени од поканети реномирани архитекти како гости-тутори, продолжи со ирските архитекти Дугал Шеридан и Диардре Мек Менамин кои се коосновачи на архитектонското биро ЛиД Aрхитектура со седиште во Белфаст, Летеркени и Берлин. Дугал Шеридан е и професор и координатор на Мастер програмата за Урбан дизајн на Универзитетот Улстер во Белфаст, Северна Ирска. Архитектонското биро ЛиД Архитектура во последната деценија се издвојува на архитектонската сцена во Северна Ирска и Република Ирска со реализација на серија индивидуални објекти кои се карактеризираат со исклучителен однос кон околниот простор. Всушност како што кажуваат самите, фокус на нивната работа е допирот на внатрешниот со надворешниот простор и начинот на кој се формира површината на теренот на таа граница. Објекти кои се прилагодуваат на теренот, но истовремено и архитектонските елементи со кои теренот се прилагодува за користење на објектот.
Во контекст на таквиот проектантски пристап беше предложена и темата на Летната школа именувана како „Конфигурација“.

letna skola 2019 poster _mk (names updated) PROBA SO DODADENA BUKVA

„Поимот ‘конфигурација’ подразбира специфични меѓусебни односи помеѓу поединечно организирани елементи. Тие може да бидат физички, како и социјални односи, модели на интеракција и преговарање.“
„ Летната школа го истражува Лазарополе како „палимпсест“ на суптилните врски помеѓу архитектонската структура, образецот на населбата и пејсажот. Овие односи се спојуваат и формираат единствени конфигурации кои ги дефинираат специфичните квалитети на местото. Типологиите на објектите, моделите на движење и меѓупросторите на ова далечно планинско село произлегуваат од сложените и суптилни врски помеѓу човековата активност, топографијата, материјалите и ресурсите и се поврзани со утилитарниот однос кон околниот пејзаж за да ја формираат специфичната конфигурација на Лазарополе.“

ЛиД Архитектура

slika 1

slika 2

Поставената задача на школата се состоеше од два дела. Првиот, забележување, истражување и мапирање на просторот на селото. Вториот, изведба на архитектонска структура т.н. „конфигурација“ составена од платформа и настрешница, покрај објектот на хотел „Калин“, која ќе служи како работен простор за студентите на идните летни школи.

slika 4

Во просторот на Лазарополе, кое во последните две декади се трансформира од селска во викенд населба во која поранешните жители поминуваат дел од своето слободно време, студентите го истражуваа просторот околу и помеѓу објектите.

slika 5
Студентите ги мапираа суптилните врски, односно конфигурации кои ги откриваат просторните промени кои настануваат во процесот на трансформација на селото и ги препознаа новите архитектонски елементи кои се користат за ново присвојување на просторот. Забележувањата од истражувањето на просторот на Лазарополе беа пренесени на платно, кое подоцна стана составен дел од вториот дел на задачата.

slika 6

slika 7

 

Вториот дел од задачата на школата, имаше за цел создавање на колективен артефакт / интервенција за да се регистрираат испитувањата направени од студентите. Со колективен напор кој се состоеше од работа со рачен алат и запознавање со физичките и конструктивни карактеристики на дрвото како материјал за градење, реализирана е изведбата на т.н. „конфигурација“, со која како кажуваат гостите тутори се „потврди процесот, техниката, занаетчиството и задоволството на ‘правењето’“.

slika 8

slika 9

slika 10

доц. д-р Горан МИЦКОВСКИ
Раководител на Летна школа за архитектура 2019

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top