Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Бугарија воведува ред во енергетскиот сектор

Бугарија воведува ред во енергетскиот сектор

Transformer over orange sky
Привремената влада на Бугарија формираше Комисија за енергетика која треба на најсиромашната членка на ЕУ да и обезбеди услови за поголема транспарентност во имплементацијата на енергетските проекти вредни милијарди евра. Неколку значајни енергетски проекти во моментов се во мирување. Во меѓувреме презадолжената државна електродистрибуција најави покачување на цената на електричната енергија за тарифните индустриски потрошувачи. Комисијата ќе и помага на владата во настојувањата да го стабилизира енергетскиот сектор во земјата која се смета за една од најкорумпираните членки на ЕУ.  Се очекува Комисијата во својата работа да вклучи и експерти од Европската Комисија, Светската банка и Европската банка за обнова и развој.

Испрати коментар

Scroll To Top