Насловна / Вести / Бразилска плажа која и буквално зрачи, но и покрај опасноста е исклучително популарна

Бразилска плажа која и буквално зрачи, но и покрај опасноста е исклучително популарна

На југот на Бразил е сместен убавиот крајбрежен град Гуарапари. Познат е по своите бели песоци, и многу популарен меѓу домашните и странските туристи, кои овде инвестираат во викендици и куќи. Сето тоа го прават и покрај фактот дека плажата на овој град, односно песокот е радиоактивен.

guarapari1

 

Ова не е необичен феномен за бразилските плажи кои се протегаат покрај Атлантикот северно од Рио де Жанеиро, но оваа е најизвиканата. За што поточно станува збор? Уште на крајот на 19-тиот век, австрискиот научник Carl Auer von Welsbach уочил дека песокот на оваа плажа содржи моназит, фосфатен минерал кој вклучува радиоактивен ураниум и ториум. Инаку рудниците за моназит биле едни од столбовите на бразилската индустрија пред Втората светска војна.

guarapari

guarapari3

 

Но, да се вратиме на плажата. Секој би помислил дека поради овој факт тука нема ниту капачи ниту туристи. Сепак, ситуацијата е сосема спротивна, а за тоа е „виновен“ лекарот Silva Mello, кој во 1972 година ги поттикнувал луѓето да седат на овој песок и дури да се прекриваат со него. Тврдел дека ова природно радиоактивно зрачење може поволно да делува на некои болести како артритис и рак. Не поминало долго време, па се појавила вистинска навала од илјадници туристи. Службениците на Бразилската нуклеарна агенција се фатиле за глава – зошто токму овде од многуте достапни плажи? Кога плажата станала хит, официјалните лица почнале буквално да ги молат луѓето да не остануваат долго на плажа. Но, засега се е исто како и претходно. Туристите и натаму доаѓаат во голем број. Се смета дека ден или два поминати овде се главно без сериозна опасност, но сепак секоја посета е дефинитивно на сопствена одговорност.

guarapari2

Испрати коментар

Scroll To Top