Насловна / Вести / TIME Magazine го прогласи Илон Маск за личност на годината

TIME Magazine го прогласи Илон Маск за личност на годината

Реномираниот TIME Magazine го прогласи Илон Маск, основачот и CEO на Tesla и SpaceX, за личност нa годината. Овој избор никого не изненади, со оглед дека Маск постојано го менува светот со своите потфати – лансирања во вселената, автономни возила и сл.

time1

„За креирање решенија кои се спротивставуваат на постоечката криза, за реализацијата на шансите и справување со предизвиците во ерата на технолошките титани, како и за покренувањето на најдраматичните трансформации на општеството, Илон Маск е избран за личност на годината на TIME Magazin за 2021“, објаснуваат од часописот.

time2

TIME исто така ги прогласи научниците кои работеле на создавањето вакцини на база на mRNA технологијата за „херои на годината“. Овие објави се соопштени преку видео презентација во понеделникот наутро.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top