Насловна / Арт и дизајн / BMW го смени своето лого

BMW го смени своето лого

Култниот германски производител на автомобили BMW, има ново лого, што претставува наголема промена на брендингот на оваа компанија, од 1917 кога е создадено логото. Како што е случај со бројни други редизајни на логоа, кои се превземаат во трката со трендовските естетски решенија, новото лого на BMW потенцијално го жртвува добро познатиот идентитет на германскиот гигант заради наводната модерност, вели порталот Verge. Станува збор за две големи промени. Првата, која наишла на бројни позитивни реакции, е враќањето на рамен дизајн односно отфрлањето на тродимензионалниот изглед и ефектите на засенчување кои се воведени во 1997 година. Првата промена всушност го враќа логото на изгледот кој е користен од 1963 година. Меѓутоа, втората промена не наишла на позитивна реакција. Отфрлена е црната позадина на надворешниот круг, кој сега е транспарентен, со цел да биде минималистички. Јенс Тимер, потпретседателот на компанијата за односи со јавноста и брендинг, вели дека новото лого го симболизира значењето на тој бренд, неговата релевантност и задоволството од возењето.

bmwlogo1

bmwlogo2

bmwlogo3

Испрати коментар

Scroll To Top