Насловна / Архитектура / Биенале за архитектура во Венеција: Архитектура некаде на друго место

Биенале за архитектура во Венеција: Архитектура некаде на друго место

Во светот на архитектурата парната година секогаш е значајна бидејќи тогаш се одржува Венециското биенале, што претставува, можеби, најважен современ архитектонски настан. Официјално, Биеналето за архитектура постои од 1980 година, иако архитектурата е дел од настанот уште од 1968 година. Овогодишниот настан го води архитектот Алехандро Аравена, чилеански архитект и добитник на најпрестижната награда за архитектура – Прицкер за 2016 година. Оваа година слоганот на Биеналето е „Извештај од фронтот“ (Reporting from the front). Изложуваат 88 учесници од 37 земји, од кои 50 учествуваат по првпат, а 33 архитекти се помлади од 40 години.jokikj-venecija-bienale_13

Во фокусот на овогодишната изложба се наоѓа архитектура која претставува израз на намената и инструмент на манифестацијата на потребите на различни општества во управувањето со својата судбина. Едноставна и обична архитектура, често нарекувана „архитектура без архитекти“. Претставени се многу сегменти на општеството, кои не се стриктно поврзани со архитектурата. Така на пример, кураторот на изложбата, архитектот Аравена, рециклирал десет тони материјал од минатогодишната изложба и ги употребил за поставка на една од уводните сали во Арсенале, каде што плафонот е направен, практично, од висечки алуминиумски профили, а ѕидовите од искршени гипсени плочи. Интересна инсталација на еден голем простор кој дава увид колку градежен материјал е потрошен и на крај фрлен. Социјални и општествени теми, кои за цел имаат унапредување на архитектурата како средство за унапредување на квалитетот на животот на луѓето.jokikj-venecija-bienale_08

Прашањата со кои се занимаваат учесниците се, главно, прашања како што се сегрегација, нееднаквост, периферија, пристап во канализација, природни катастрофи, недостаток на станбен простор, миграција, криминал, сообраќај, отпад, загадување и учество на заедницата. Според зборовите на Аравена, можеме многу да научиме од сиромашните општества, бидејќи творците се покреативни колку што се условите потешки. Креативноста доаѓа од фактот што не постојат добри услови. Колку е тоа точно, останува да се види. jokikj-venecija-bienale_09

Креативните решенија често доаѓаат низ голем број експерименти кои општеството со генерации несвесно ги изведува. Ако прозорците на куќите во северна Европа се мали а покривите темни или многу коси, тоа не дошло како последица од голем број експерименти туку од логичен заклучок, што функционира подобро во дадените услови.

Основните потреби за живот се наоѓаат во фокусот на овогодишната изложба, како слика на неизедначени услови на живот на различни меридијани. Така на пример, постои инсталација која го покажува животниот циклус на отпадот во Индија, во град во кој жителите живеат собирајќи секундарни суровини. Присутна е и сомостоечка структура, голема макета на нова станбена населба во Берлин, бетонска структура за емигрантски пазар во Белгија или структура од бамбус. Изложени се многу занимливи инсталации, внатре во Арсенале но и надвор во неговиот круг, прашање е само колку тука навистина има архитектура?jokikj-venecija-bienale_07

Без сомнение, во мотивите на кураторите и организаторите, Биеналето задира во многу важни социјални теми, но фокусирајќи се на нив се одалечува од она што би требало да биде централен мотив на изложбата – архитектурата. Низ обемниот достапен материјал, на посетителот му е овозможено да помине многу време и да дознае многу за големиот број комплексни теми, кои имаат врска со архитектурата но не се во потполност архитектура. Според зборовите на Аравена, архитектурата е давање форма на местата каде што луѓето живеат, не е ни покомплицирано ни поедноставно од тоа – место каде што луѓето живеат.jokikj-venecija-bienale_06 jokikj-venecija-bienale_05

Освен поставките во Арсенале, можат да се видат и национални павилјони кои, исто така, се многу занимливи но често премногу  концептуални. Сингапурскиот павилјон, кој го отвори претседателот Тони Тан, е практично една голема просторија во која висат, на еднакво растојание, четвртести ламби на чии страни се наоѓаат фотографии. Концептот е сигурно осмислен и многу силен, но прашање е дали тоа навистина ни треба за архитектонско биенале? Можеме ли повеќе да дознаеме за архитектурата во Сингапур? Концептуалните прикази, битните амбиентали теми, павилјоните и изложбите што повеќе одговараат за некој уметнички салон отколку за архитектонско биенале, го чинат она што е денес оваа манифестација. Прашање е дали тоа е правата форма? jokikj-venecija-bienale_01 jokikj-venecija-bienale_03 jokikj-venecija-bienale_02

Ако е архитектурата форма на местата каде што луѓето живеат, зошто се претставени толку малку конкретни проекти каде луѓето навистина живеат, работат, учат или се лечат? Зошто за еден архитект, кој ќе ја посети најважната изложба за архитектура, би било поважно да се прикаже светлосна инсталација, која како инспирација ја има шумата и блискоисточната архитектура, од приказот на некој блискоисточен проект во шума? Зарем е можно да нема ниту еден таков проект кој би можел да биде претставен? Ако нема на Блискиот Исток, сигурно има некаде на друго место! Школа која е одлично проектирана, изградена од локални материјали и во потполност ги задоволува потребите на локалната заедница.jokikj-venecija-bienale_10 jokikj-venecija-bienale_12

Дали Биеналето е замислено да биде манифестација доволна сама за себе, во која ќе бидат прикажани проблемите на современото општество на интересен начин, или тоа стана со времето? Може ли архитектурата да се врати или повеќе да биде дел од настаните што во себе го имаат самиот тој збор. Архитектурата е едноставна работа, давање форма на местата каде што луѓето живеат, рече човекот што оваа година ја доби најпрестижната награда од таа област. Покажете ни ја таа форма, тоа е она што му треба на Биеналето, повеќе архитектура во величествениот град, повеќевековен споменик токму на таа област од човековото творештво – Венеција. Архитектурата на Биеналето.

ФОТО: Ѓорѓе Јокиќ, архитектjokikj-venecija-bienale_11 jokikj-venecija-bienale_14 jokikj-venecija-bienale_15 jokikj-venecija-bienale_16 jokikj-venecija-bienale_17 jokikj-venecija-bienale_19 jokikj-venecija-bienale_20

Испрати коментар

Scroll To Top