Насловна / Арт и дизајн / 14-та Меѓународна ликовна колонија „Скопје”

14-та Меѓународна ликовна колонија „Скопје”

Утре, 20-ти август 2019 г., во Хотел Арка, Скопје, ќе започнe со работа 14-та Меѓународна ликовна колонија “СКОПЈЕ” која ќе трае до 30-ти август 2019 г. МЛК “Скопје” се одржува по четиринаесетти пат и е во организација и реализација на Музеј на Град Скопје и Хотел Арка, под финансиско покровителство на Град Скопје. На овогодишното издание учествуваат 10 извонредни автори, ликовни уметници од цел свет (вообичаената селекција е 5 домашни автори и 5 од странство). Учесниците се секој оригинален и посебен според сликарската техника и стилската определба.

Plakat Kolonija-mkl

Уметниците ќе ги создаваат своите дела во Хотел Арка, сместен во срцето на Старата скопска чаршија.
Делата создадени од оваа Колонија ќе бидат изложени во рамките на манифестацијата на Град Скопје за одбележување на Денот на ослободување на Скопје, 13-ти ноември.

Испрати коментар

Scroll To Top