Насловна / Архитектура / Бетонски цевки на фасада вдахнуваат нов живот на паб во Мелбурн

Бетонски цевки на фасада вдахнуваат нов живот на паб во Мелбурн

Архитектура која со пренамена на материјалот вдахнува нов живот, тоа го направи австралиското архитектонско биро Techné Architects, применувајќи дренажни цевки. Пабот на хотелот Prahran во Мелбурн, оваа година е обновен, користејќи повеќе од 40 тона бетонски цевки за да се создаде фасада.

2_resize

Techné Architects замислиле простор кој е визуелно поврзан, интерактивен и драматичен – нешто што сите можеме да го искористиме за да ја надминеме пандемијата и да продолжиме со социјалниот живот.

1_resize

Структурата користи цевки за пропусти на фасадата од внатре, кои се претворени во интимни кабини, всушност една цевка служи како ВИП кабина за 10 луѓе. Кабините се завршени со кожен тапацир и обложени со рециклирани летви и душеци за акустична апсорпција. Главна цевка е направена од  санитарани цевки. Бирото исто така користело рециклирани цевки и за создавање шарена лента на отвореноата, во поплочана градина засаден е кинески брест за да останат во склад со првобитната цел, просторот визуелно да биде поврзан. „Внатре се качувате преку цевките, седите во нив или на нив, на различни нивоа. Тие имаат трајно влијание на просторот“, вели архитектот Justin Northrop.

6_resize

4_resize

За минувачите, наредените цевки ќе изгледаат како ѕид од буриња (прикладно со оглед на тоа што е паб) и затворени се со стаклени прозорци што овозможуваат многу природна светлина и погледи. Гостите можат да си поиграат и да го најдат своето омилено место каде било во трите нивоа на хотелот, постојат и неколку внимателно проектирани пријатни катчиња и опции за групно седење. Исто така може да се седит на отворено во дворот и да се восхитувате на брановидни бетонски ѕид, прозорци на прозорци и убавите ѕидни завеси на компанијата Ayus Botanical. Дневната светлина од дворот и од големите кружни прозорци на цевките го исполнуваат секој агол и го прават просторот пријатен.

5_resize

8_resize

10_resize

7_resize

3_resize

Испрати коментар

Scroll To Top