Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Белорусија добива најевтин руски гас

Белорусија добива најевтин руски гас

Gazprom_1662465c
Скоро 20 земји на стариот континент зависат од рускиот гас. Иако гасот стигнува од истиот извор, цените на испорака се разликуваат од земја до земја. Ценовниците се „деловна тајна“, и зависат од начинот и количините на испорака, но во добар дел и од пријателските врски. Така, скоро сите бивши членки на Советскиот Сојуз имаат одредени привилегии.

Во моментов најповластена е Белорусија, која за илјада кубни метри плаќа 140 долари. До скоро голем попуст имаше и Украина, која имаше цена од 270 долари. Но, по прекинот на „пријателството“ меѓу Москва и Киев, цената порасна на 420 долари. Ако го анализираме нашиот регион, познато е дека цената за Србија е 370 долари, а за Бугарија цената не е достапна за јавноста. Цената за Македонија е околу 500 долари, и е една од највисоките во Европа.

Испрати коментар

Scroll To Top