Насловна / Архитектура / „Бели слонови“ – прескапи, неуспешни и засрамувачки архитектонски проекти ширум светот

„Бели слонови“ – прескапи, неуспешни и засрамувачки архитектонски проекти ширум светот

Иако во основа архитектонските проекти треба да бидат економски разумни и социјално прифатливи, постои еден термин т.н. „бели слонови“ резервиран за концепти кои се многу далеку од оваа парадигма. Терминот доаѓа од една приказна од времето на кралевите на Сијам, денешен Тајланд. Имено, на оние дворјани кои не им се допаѓале, овие кралеви им подарувале бели слонови. Подарокот од кралот не смее да се одбие, а бидејќи белите слонови биле свети животни, биле ослободени од секаква работа. На тој начин финансискиот крах за овие дворјани бил неизбежен, факт кој кралевите многу добро го предвиделе.

Токму затоа овој термин во архитектурата е прифатен за објекти кои се прескапи, неуспешни, кои не служат никому и за ништо,… со еден збор генератори на проблеми и трошоци. Во продолжение ви претставуваме некои од нив:

Палатата на парламентот во Букурешт

bukurest-parlament

Со површина од 365.000 метри квадратни, годишните трошоци за оваа зграда само за греење и осветлување изнесуваат шест милиони УСД. Дополнително зачудува фактот што 70% од објектот е секогаш празен. Прескапа играчка на Николае Чаушеску.

Олимпискиот стадион во Монтреал, Канада

montreal-olimpiski-stadion

Поради својот невообичаен дизајн кој барал огромни ресурси во текот на изведбата, Олимпискиот стадион од игрите во Монтреал 1976, оставил огромни долгови, неисплатени дури триесет години подоцна. И денес покривот е структурално нестабилен и бара постојани зафати за одржување и дополнителни трошоци.

New South China Mall, Кина

kina-mol

 

Се работи за огромен шопинг центар со 2.350 продавници, кој останал празен и 11 години по неговото завршување. Најмногу за тоа придонесува неговата локација во Dongguan,  каде најголем дел од населението, кое брои 10 милиони, се сиромашни работници мигранти.

Аеродром во Сјудад Реал, Шпанија

Spain's Property Slump

Централниот аеродром на Сјудад Реал во Шпанија е вистински „бел слон“. Инвестицијата вредна над една милијарда УСД се затвора за сообраќај по само три години.

Ryugyong Hotel, Пјонгјанг, Северна Кореја

pjongjang-hotel-promasen

Највисоката ненаселена зграда во светот, хотел со 105 ката во главниот град на Северна Кореја.

 

Испрати коментар

Scroll To Top