Насловна / Архитектура / Bauhaus – идеја, иновација, креација, отпор…

Bauhaus – идеја, иновација, креација, отпор…

Една од највлијателните школи на архитектурата на 20-тиот век, Bauhaus ги имаше своите златни години во Десау во периодот помеѓу 1919 и 1933 година. Под раководство на Walter Gropius, Hannes Meyer, и Ludwig Mies van der Rohe, едукативниот комплекс бил место  за работа и живеење за некои од најпроминентните имиња на архитектурата, дизајнот и уметноста на минатиот век. Школата згаснува под налетите на нацизмот, бидејќи била сметана за интелектуален центар на комунистите. Сепак, движењето, креацијата и идејата остануваат засекогаш.

Иако, овој центар работел во релативно краток временски период, оставил сериозно влијание врз архитектонската креација во годините потоа. Објектите во Десау и Вајмар кои биле дел од комплексот се ставени на листата за културно наследство на УНЕСКО, а во 1996 година се отворени за посетители. Во обид да се донесе јавноста поблиску до овој едукативен и уметнички комплекс, во 1926 година во Десау бил изграден објектот Prellerhaus со резиденцијална намена. Објектот, именуван според сликарот Friedrich Preller, имал 28 студија со површина од по 20 метри квадратни, каде имаат престојувано имиња како Gertrud Arndt, Marianne Brandt, Gunta Stölzl, Anni Albers, Josef Albers, Erich Consemüller, Herbert Bayer, Franz Ehrlich, Walter Peterhans, Hannes Meyer, Joost Schmidt, Marcel Breuer. Објектот бил реновиран во 2006 година, кога изгледот на студијата е вратен во оригиналната форма. Секое студио има и своја кујна, додека тушевите се заеднички на секој кат, при што задржан е стилот од Bauhaus ерата. Привлечна дестинација за многу туристи, кои денес можат и да преноќуваат во овој капацитет.

bauhaus1

bauhaus10

Bauhaus2

Bauhaus3

bauhaus4

bauhaus5

bauhaus6

bauhaus7

bauhaus8

bauhaus9

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top