Насловна / Архитектура / Банкок: Дали Саторн Уник ќе биде претворен во новиот Торе Давид?

Банкок: Дали Саторн Уник ќе биде претворен во новиот Торе Давид?

Кога размислуваме за сликата на градскиот централен бизнис дистрикт, вообичаено визуелизираме централна зона со густо поставени облакодери на повеќе нивоа, трговски центри со специјализирани продавници, канцеларии, админстрација, градска куќа, банки, високи цени на градежното земјиште. Саторн е дел од централниот бизнис дистрикт на Банкок, истовремено специфичен поради својата автентичност кон модерниот развој и кон корените на стариот свет. Храмовите, тротоарите со тезги за храна и постојките на такси скутерите, хармонично егзистираат во истиот план со силуетата што ги надвиснува – облакодерите со современи фасади.
Уличната мрежа на Суриуонгсе, Силом и Саторн, како и во другите делови на Банкок е развиена врз основа на мрежата на водните канали – клонг. Образецот врз којшто се „гради“ современиот Банкок е само нов слој врз постоечките канали. Од друга страна, земајќи предвид дека водните канали постојат со децении, без свесно планирање и предвидување на потребите и развојот на современиот град, „премостувањето“ од водната во земјената транспортна мрежа е сè уште предизвик за сите дистрикти.

Од автопатот Саторн, низ мали делчиња испресечени од бетонската конструкција на надземниот воз, сè уште може да се види централниот воден канал кој денеска е потполно нефункционален и запуштен. Сепак, Саторн е архитектонски релевантна станица за посетување на објекти кои сведочат за различен фокус на економски интерес и градски развој во различни временски периоди.OMA vo izgradba

ОМА во Банкок
Најактуелен, највисок и најамбициозен комплекс на современата архитектура и урбанизам во Тајланд, се суперлативите што го најавуваат Махнакхон, проект на Оле Шерен, соработник на ОМА – проектниот лидер на објектот CCTV Tower во Пекинг. Иако сè уште во изградба, вкрстувањето на различни функции, елегантниот појас на пиксели кој се обвиткува околу просторниот волумен, најавените брендови и близината до надземниот воз, доволно ја имаат загреано атрактивноста на облакодерот за станбените единици да достигнат цена која котира помеѓу највисоките на недвижностите во Банкок (од 1,1 до 17 милиони долари).OMA_under construction
Изградбата на повеќе од 150.000 м2 ќе биде „балансирана“ со пејзажен проект за плоштад, повеќекатен комерцијален центар со ресторани, кафулиња и 24-часовен пазар, 200 апартмани во сопственост на Ritz-Carlton, 150 собен бутик хотел во соработка со Mariot international, како и стандардната кровна тераса со бар.
Кулата е внимателно издлабена воведувајќи тридимензионална лента на архитектонски пиксели. Тоа генерира специфични обележја – стаклени небесни кутии со непрекината панорама на градот, простори кои создаваат врска помеѓу внатрешноста и надворешноста и поглед кон реката Чаопраја. Пикселите што навлегуваат кон внатрешноста, „издлабените делчиња од елегантната стаклена фасада метафорично го откриваат животот во внатрешноста“ – внатрешниот град на жителите на облакодерот. „Современата руина“ е најавено да биде пуштенa во употреба во почетокот на 2016 година.

sathorn unique

Саторн Unique
Засекогаш врамен и заробен во економската криза од 1997 година, неокласичниот Саторн Уник егзистира како огромна карабина со половина корпус завиткан во платнен билборд на „Кока Кола“, половина во билборд на Iphone 6. Во неговата околина, покрај искршените делчиња од класични столбови, нема ни трага од сликата што требало да ја проектира: облакодер со модерни светлечки канцеларии, модерен животен стил кој оди во чекор со националниот развој. Четириесет и деветте нивоа, 659 резиденцијални единици и 54 комерцијални простори, денеска се само дом на духови и повремено посетилиште на екстремни туристи.
Дали Саторн Уник ќе биде претворен во новиот Торе Давид online casino (Torre de David), недовршениот облакодер во финансискиот центар на Каракас во Венецуела? Стотици проекти низ Банкок се напуштени и замрзнати во времето поради банкротирањето на инвеститорите, оставајќи ги градежните работници неплатени и помалите инвеститори со големи финансиски загуби.

sathorn ploshtad so oblakoder robot vo pozadina

Објектот останува да егзистира како урбана руина без никој да го преземе предизвикот за негово рушење, доградување или трансформирање. Честопати локалните луѓе ставаат маса во приземјето на која оставаат понада со храна и цветно венче, палат миризливи стапчиња, искажувајќи ја нивната почит и верување во духови – традиционално во будистичката религија.

objektot robot

Зграда робот
Гледајќи го својот син како си игра со јапонска играчка, познатиот таи архитект Сумет Јумсаи се инспирирал да предложи просторен концепт сличен на играчката за Банката на Азија. Машинскиот концепт бил сличен со желбите на директорите на банката – облакодерот да ги изрази нивните нови компјутеризирани услуги и хуморот на надворешниот фронт да изразува добредојде за клиентите. Сумет е главен лик на модернизмот во Тајланд, под огромно влијание на Ле Корбизје. Наспроти стилот на лик од цртан филм, објектот е сосема рационално и економски испланиран. Архитектурата и урбаниот дизајн се соодветно вклопени, со формален плоштад и колонада која води до централниот хол на банката. Објектот е завршен во 1987 година по цена од 10 милиони долари и се смета за еден од последните објекти во Тајланд чијшто концепт е врз постулатите на модерната.sathorn square

Плоштадот Саторн
Неговата површина го исполнува последното неексплоатирано делче на раскрсницата помеѓу Саторн и Наратхивас, како почетна точка на централниот бизнис дистрикт. Композиција од зачувано историско наследство, современа архитектура и урбан дизајн, можат да се прочитаат преку админстративната кула и високиот хотел поставени околу стара куќа од 1914 година, која му припаѓала на аристократот Луанг Саторн. OMA so kukjata na aristokratot Satorn od 1914

Кулата со канцеларии во еден од своите агли прави простор за конусен волумен изработен од челична конструкција и стакло, кој е како светилник преку кој визуелно комуницира лобито и надворешниот плоштад. Надвор, пристапните скали и водната површина се распоредени на нескромно голем јавен простор, иако активностите на посетителите се доминантно внатрешно ориентирани. Понекогаш, „сосема случајно“ се појавува тезга со таи храна, да им понуди ужинка на вработените во кулата.budistichki hram so Sathorn Unique vo pozadina
Грижата за самодоволен град, зеленило и еколошки градски развој не се критично на агендата за развитокот на Саторн. Политичкиот и административен конфликт, корупцијата и комплексноста се спомнуваат истовремено со планирањето на Банкок во иднина. Сепак, климатските промени предизвикуваат размислување и преобмислување на згуснувањето на градот. Пресекот и посетата на архитектонските обележја на Саторн со дијаметрално различни приказни и почетни точки, наликуваат на уникатен колаж, меѓутоа и на исклучителен предизвик во размислувањето за компактен град. Краткотрајноста на мандатот на политичката власт, финансиската придобивка и потребата од рапиден економски развој го хендикепираат формалното планирање на симбиозата помеѓу современиот град и историското наследство, и имплементирањето на долгорочни урбано-еколошки решенија. Сè уште размислувањето за систематичноста на градот е разлеана, меѓу другото, во сликите и индивидуалната возбуда на живеење во двовисински стан, птичја перспектива на градот и уживање во барот на кровната тераса. Слично на минливоста од слика за светлечки канцеларии во напуштена бетонска карабина на Саторн Уник.

Испрати коментар

Scroll To Top