Насловна / Арт и дизајн / Бабина, италијански архитект и илустратор

Бабина, италијански архитект и илустратор

Федерико Бабина (1969 г.) е италијански архитект и илустратор, кој од 2007 година живее и работи во Барселона. Неговите живописни серии на илустрации низ референци на архитектурата поврзуваат бројни уметнички дисциплини и теми со убедлив авторски потпис. Ги спојува можните и неможните точки на средби на архитектурата и уметноста. Бабина се изразува преку различни техники, стилови и форми за да го прикаже богатството и различноста на формата, следејќи „архитектонски трагови“ на познати архитекти, спојувајќи таинствена геометрија со живописни бои.

babina
Самиот за себе вели: „Некогаш сум архитекта со страст на илустратор, а некогаш сум илустратор со страст на архитект. Цртежот е првиот начин на кој на некоја идеја и се дава форма.“
А за своето творештво додава: „Идеите се обликуваат, моделираат и трансформираат преку илустрации. Роден сум со илустрации од сказни, растев со стрипови и созреав со архитектонскиот цртеж. Илустрацијата е дел од мојот замислен и умислен свет. Се забавувам додека ја претворам архитектурата во илустрација и илустрацијата во помал вид архитектура“.

Archist

archist

archist2

archist1

Неговите дела се застапени во различни серии. Серијата Archist познатите имиња од современата уметност ги поврзува со познатите објекти од современата архитектура.

Archiplan

Archiplan_mies-van-der-rohe-01_635

Archiplan_kan

05_Archiplan

Во серијата Archiplan авторот прави своевиден визуелен приказ на референтни авторски зданија. Серијата на делата Archibet e илустриран типографски речник на архитектите.

Archibet

archibet

Archiwriter

01_ARCHIWRITER

Archipoem

Archipoem

Додека во сериите Archiwriter, Architale, Archimusic и Archipoem на себе својствен начин ја поврзува архитектурата со музички автори и книжевни дела.

Architale

architale

Archimusic

music
Повеќе за Федерико Бабина можете да видите тука.

Испрати коментар

Scroll To Top