Насловна / Архитектура / Western Sydney Airport: Аеродром вклопен во опкружувањето

Western Sydney Airport: Аеродром вклопен во опкружувањето

Zaha Hadid Architects и Cox Architecture се победници на меѓународниот конкурс за проектот за аеродромот во Сиднеј -Western Sydney Airport (WSA). Во конкуренција биле 40 домашни и меѓународни проектни решенија. Дел од идната визија за аеродромот кој се наоѓа во регионот Parkland City во Сиднеј, ќе биде главен катализатор за ширење на третото градско јадро, по првобитните  Harbour City и River City. Аеродромот кој го добил името по познатата австралиска авијатичарка  Nancy-Bird Walton, ќе го поттикне брзот урбан развој, овозможувајќи му на поширокото градско подрачје да достигне 9 милиони жители до 2040 година.  Cristiano Ceccato, проектен директор во ZHA, рекол дека ова решение е еволуција на минатото, сегашноста и иднината на австралиската архитектура. Инспирацијата ја црпеле во традиционалните архитектонски карактеристики, но и од природните убавини на подрачјето.  David Holm, проектниот директор во COX, додава дека единствената флора која го карактеризира поднебјето е вклучена во проектот со цел да му се даде автентичен регионален идентитет. Овие две компании се задолжени за целокупниот проект на аеродромот Western Sydney. Тоа подразбира развој на план и проектна документација за првата фаз на проширувањето, како и поставување насоки за следните фази.

Аеродромот е вклопен така што се спојува со опкружувањето, но исто така го одржува и културното наследство на земјата. Проектот е енергетски ефикасен – максимално коритење на дневна светлина, акцент на природна вентилација и рециклирање на употребената вода. До 2060 година, по резлизацијата на сите четири фази, аеродромот ќе може да опслужува 82 милиони патници годишно, што ќе го направи најголема меѓународна „порта“ на Австралија. Во почетната фаза, до 2026 година, ќе може да прими 10 милиони патници годишно.

zhacox1

zhacox2

zhacox3

WHAcox4

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top