Насловна / Вести / Автомобилите во ЕУ со пониска емисија на јаглерод диоксид

Автомобилите во ЕУ со пониска емисија на јаглерод диоксид

Avtomobili so pomalku SO2

Европската агенција за животна средина (EEA) соопшти дека автомобилите продадени минатата година во Европската Унија емитувале помалку јаглерод диоксид отколку оние што биле продадени во 2013 година. Наведено е дека овие автомобили емитувале 2,6% помалку јаглерод диоксид, односно за околу седум грама помалку отколку што е проектирано како цел за намалување на емисијата за 2015 година. Автомобилите продадени минатата година во ЕУ испуштале 123,4 грама јаглерод диоксид по километар, додека границата за 2015 година е 130 грама, што е постигната уште во 2013 година. Се планира до 2021 година оваа граница да биде намалена на 95 грама по километар.

Најголем дел од автомобилите во ЕУ имаат дизел мотори, дури 53%, и тие најмногу се возат во Ирска, Луксембург и Португалија. Најголеми загадувачи на воздухот се автомобилите што се возат во Летонија, Естонија и Бугарија, додека најмала емисија на јаглерод диоксид имаат автомобилите во Грција, Холандија и Португалија. Исто така, во текот на 2014 година во ЕУ се регистрирани околу 38 илјади електрични автомобили, што е за 57% повеќе отколку во 2013 година.

 

Испрати коментар

Scroll To Top